Битолскиот камерен оркестар ќе одржи концерт во Скопје на 30 ноември во Филхармонијата од 20 часот наречен „Цветна симфонија“. Ќе настапат сопранистките Јаворка Витанова, Виолета Арсовска и Зана Абази Рамадани а ќе диригира Владимир Димовски.
Претходно, овој концерт се одржа во Херклеја во Битола на 30 јули. Како солистки настапија истите сопранистки како и мецосопранот Марина Коруновска и хрватската виолончелистка Ана Руцнер.
„По летната премиера во античката Хераклеја, каде повеќе од 3.000 посетители уживаа под ѕвездите, ќе одржиме концерт Скопје. Ќе одекнат најубавите италијански канцони изведени од три врвни сопрани и оркестар во симфониски состав“, велат од Битолскиот камерен оркестар. Билетите се во продажба преку мрежата на yournextevent.info