ЧЕТИРИ КОНЦЕРТИ СО НОВОГОДИШНИ ПЕСНИ НА САРА МЕЈС, КАЛИНА ВЕЛКОВСКА, АНА ПЕТАНОВСКА И ТЕА БОГАТИНОВА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Сара Мејс и нејзиниот женски квартет со Ана Петановска, Калина Велковска-Кали и Теа Богатинова ќе одржат четири концерти со новогодишни и божиќни песни во Битола, Штип, Скопје и Крива Паланка.

Битолскиот концерт е на 21 декември како дел од манифестацијата „Зимска приказна“. На 28 декември е закажан концерт во Штип, во Домот на култура „Ацо Шопов“, следниот ден е предновогодишниот концерт во Филхармонијата во Скопје, а минитурнејата завршува на 30 декември на плоштадот во Крива Паланка.

Девојките од квартетот „Sarah Mace & The Girlzz“ на сцената ќе бидат придружувани од Божиќниот оркестар, со кој ќе диригира Иван Еминовиќ. Тие неодамна ја објавија својата нова песна „Нека трепка“.