Рок пејачката Дани Димитровска вчера во „АудиоКултура“ го промовираше својот нов сингл „Има љубов во нас“. Композитор и текстописец на песната е Весна Малинова, а аранжманот е на Јордан Манов. Синглот е проследен и со спот, кој веќе е достапен на Јутјуб.
„‘Има љубов во нас‘ е повик и потсетување. Вистината која сјае во сите детски очи, која, како растеме, ја потрупуваме со стравови и ставови, интелектуални анализи и прагматични одговори. Љубовта е свеста и единствената причина што постоиме“, кажа Весна Малинова.
Песната истовремено е најава на новиот, четврти студиски албум на Дани, со кој најавува една нова ера во својата кариера.
(Фото: Фејсбук)