Инструменталното џез дуо „Тајм“ од Кавадарци сними нова песна со наслов „Наше маало“, која ја напишаа членовите Илија Мицев и Тодор Ушитков.
„Преку звуците на музиката на светот и џезот раскажуваме универзална приказна за минливоста, пријателството и невидливите нишки што нè поврзуваат“, велат од „Тајм“.
За песната снимија и видеспот во Кавадарци. Музичката продукција е реализирана од Ушитков во студиото „Аудиолаб“.