Дина Јашари ќе настапи на отворањето на концертот на „Масив атак“ во Скопје, што ќе се одржи на 28 јуни на Стадионот на АРМ во Градски парк.
Младата кантавторка пред неколку недели го објави својот прв албум насловен „Растенија без корен“, што уследи по серија успешни синглови во изминатите години. Во 2022, Јашари ја доби регионалната музичка награда „Милан Младеновиќ“ за песната „Дома“.
Јашари на настапите ја придружуваат Лука Тошев на гитара и Драган Теодосиев на тапани.
„Авалон“, кој го организира концертот, претходно објави дека специјална гостинка на „Масив атак“ ќе биде британската пејачка Елизабет Фрејзер.