„ДИП ПАРПЛ“ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА СЛЕДНАТА ГОДИНА ВО РАМКИТЕ НА ПРОШТАЛНАТА ТУРНЕЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Еден од најголемите рок бендови на сите времиња „Дип парпл“ се враќа во Македонија следната година, во рамките на светската турнеја, која е најавена како проштална. Концертот во организација на „Авалон“ ќе се одржи на 11 октомври во арената „Борис Трајковски“.

Ова ќе биде трето гостување на „Дип парпл“ во Скопје, по оние во 2005 и 2022 година.

Сѐ уште предводен од тројца членови од класичната постава, пејачот Ијан Гилан, басистот Роџер Глоувер и тапанарот Ијан Пејс, „Дип парпл“ се едни од пионерите на хеви металот и хард рокот, чија кариера почна уште во 1960-тите. Иако најпознатите албуми датираат од 1970-тите, бендот продолжи да снима и во наредните децении, па лани го објави 23. студиски албум.

Сите информации за картите ќе бидат објавени утре (19 ноември).