Дуото „Коктел“, кое беше популарно во 1990-тите, се враќа со нова песна, „Каде ти, таму јас“. Тие станаа популарни со хитот „Слуга и цар“, во чиј спот главната улога ја имаше моделот и мис Марија Радуловиќ.
За новата песна, пејачот Блаже Темелков и гитаристот Стевче Грозданов велат дека е спој на старата и новата поп-рок музика. Темелков ги напиша музиката и текстот, аранжманот е на Грозданов, кој ја снимаше со Златко Симеонски-Зеко. Мастерингот е на Горан Гешовски, а придружните вокали ги пее Емилија Гиевска.
Во групата свират и Горан Гешовски (бас гитара), Борислав Драганов (клавијатури) и Емил Милев (тапани).
„Ова е првата пилот песна од новата ера на бендот, кој има во план да продолжи. Планираме нови песни и нов албум, кој треба да излезе следната есен“, велат од тимот на „Коктел“.