ЕЛЕКТРО-ПОП ВЕТЕРАНИТЕ „ПЕТ ШОП БОЈС“ ИМААТ НОВ АЛБУМ И ОДБЕЛЕЖУВААТ 40 ГОДИНИ ОД ПРВИОТ СИНГЛ

Лондон, (Би-Би-Си)

Еден од најуспешните британски бендови од 1980-тите, „Пет шоп бојс“, го објави својот 15. албум и најави дека следната турнеја би можела да му биде проштална. Електро-поп дуото, во кое веќе 43 години членуваат пејачот Нил Тенант и клавијатуристот Крис Лоу, вели дека новиот албум „Nonetheless“ бил напишан за време на карантини во ковид пандемијата.

Ова е еден од најмелодичните албуми што сме ги снимиле досега. Не е толку за танцување како некои претходни албуми, но е многу топол“, вели Тенант, кој во јули ќе наполни 70 години.

Тој и Лоу случајно се запознале во 1981, по што почнале да прават демо снимки. Новиот албум излегува во годината кога тие одбележуваат четири децении од објавувањето на првиот сингл „West End Girls“, кој стана огромен хит и го лансираше бендот меѓу ѕвездите на поп-музиката.

Иако не покажуваат знаци на запирање, Лоу признава дека годините ги стигаат.

Мислам дека следната турнеја би можеле да ја наречеме проштална, имајќи предвид колку долго го правиме ова“, вели Лоу.