УЧИЛИШТЕ ВО ЛОНДОН ЌЕ ВОВЕДЕ ПРОБНА НАСТАВА ОД 11 ЧАСА НА ДЕН БЕЗ ТЕЛЕФОНИ ЗА ДА СЕ НАМАЛИ АНКСИОЗНОСТА КАЈ ТИНЕЈЏЕРИТЕ

Лондон, (Би-Би-Си)

Училиште во северен Лондон соопшти дека ќе спроведе десетнеделен пробен проект каде што телефоните ќе бидат  забранети за да се подобри благосостојбата и комуникацијата на учениците. Директорот на католичкиот колеџ „Сите светци“ Ендрју О’Нил изјави дека учениците не мора да присуствуваат на сите 11 часа, вклучувајќи појадок и ручек.

Ова училиште го посетуваат речиси 800 ученици на возраст од 11 до 16 години, а 40% од нив имаат право на бесплатни оброци.

Програмата ќе ги чини родителите 10 фунти неделно по ученик, Во известувањето на веб-страницата на училиштето се вели дека шемата вклучува појадок, школарина за математика и англиски јазик, спорт, драма и готвење, проследено со „семејна вечера“.

„Не мора да доаѓаат на појадок, не ги обврзуваме да бидат тука во седум часот. Сакаме да ги испраќаме децата дома полни со ендорфин, наместо да се затвораат во нивните спални соби и да гледаат во екраните. Многу истражувања укажуваат на огромен пораст на анксиозност кај децата и тинејџерите, што се зголемува од 2010, откако се појавија паметните телефони“, рече О‘Нил.

Тој додаде дека праксата ќе трае само 10 недели бидејќи не можат да си ја дозволат цела учебна година.