Евровизија го лансира своето прво азиско издание. Радиодифузерите од десет држави веќе го потврдија своето учество, вклучувајќи ги Јужна Кореја, Бутан, Тајланд и Филипини. Според сајтот на натпреварувањето, листата учесници ќе се зголемува.
Земјите-учеснички прво ќе организираат национални избори, а финалето ќе биде во Бангкок на 14 ноември.
Основана во 1956, Евровизија е најдолговечното музичко натпреварување на светот. Околу 163 милиони луѓе го следеа ланскиот настан во Швајцарија, на кој победи Австрија (фото).
„Додека ја одбележуваме 70-годишнината од Евровизија, особено е значајно што го отвораме ова следно поглавје во Азија, регион богат со култура, креативност и талент“, изјави Мартин Грин, директорот на Евровизија при Европската радиодифузна унија.
(Фото: Гети)