Вечерва (27 јуни) од 19 часот, на летната сцена „Лепеза“ во скопскиот Градски парк ќе се одржи второто издание на Меѓународниот фестивал на електронска музика.
„Фестивалот го става фокусот на квалитетниот електронски звук и на клупска атмосфера под отворено небо. Фестивалската програма вклучува тројца македонски диџеи, Мако, Мартина Пенева и Дина, а гостин е италијанскиот диџеј Нес (фото), чиј настап е поддржан од Италијанската амбасада во Скопје во знак на културна соработка и поддршка на современите музички движења“, вели организаторот ЈУ Универзална сала.
Влезот е слободен, а фестивалот ќе трае до еден час по полноќ.