„ФРАНЦУСКИ ВАГОНИ“, НОВА ПЕСНА НА АЛЕКСАНДАР ТАРАБУНОВ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Француски вагони“ e новата песна на поп-пејачот Александар Тарабунов-Тара, која е промовирана на дигиталните платформи. Тарабунов е комплетен автор на песната – музика, текст и аранжман. Спотот, кој е снимен во центарот на Скопје, го снимаше Владислав Гавриловски.

„Песната ја направив за една недела, музиката, текстот, аранжманот, придружните вокали, главниот вокал, продукцијата, сѐ. Инспирацијата си дојде природно, без да мислам на нешто конкретно. Едноставно, препуштив самата песна да ме води како ќе ја изградам, а насловот се појави сам и носи добра порака на крајот од песната“, ни рече Тарабунов.

При крајот на 2025 тој го објави синглот „Љубов“, за кој рече дека е неговата најинтимна, најзрела и најкомплетна песна досега.

М. ЏАРОВСКА

Фото: К. Попов