Легендарниот американски џез и фанк тромбонист Фред Весли ќе одржи концерт во Скопје на 28 февруари во клубот „Пјур“ од 21 часот.
Со кариера долга повеќе од шест децении, 83-годишниот Весли првично се прослави како тромбонист на Џејмс Браун, а потоа беше дел од легендарниот фанк колектив на Џорџ Клинтон, „Парламент-Фанкаделик“ и од џез оркестарот на Каунт Бејзи. Весли има снимено повеќе од 20 албуми, што самостојни, што со други бендови. Во Скопје ќе настапи со неговото трио.
Организатор на концертот е „Три гонга“, а билетите се продаваат преку мрежата на Мк тикетс.