„Фантазија“ е насловен традиционалниот концерт на Филхармонијата во скопскиот Градски парк, што ќе се одржи на 13 јуни, со почеток во 20:30 часот. Оваа година, на програмата ќе бидат познати песни од долгометражни анимирани филмови на „Дизни“.
Диригент ќе биде Тимоти Редмонд од Велика Британија, а како солисти ќе пеат Биљана Јосифов (сопран), Денис Димовски (тенор) и Иван Наумовски (бас-баритон).
Меѓу филмовите кои ќе бидат застапени на концертот се „Малечката сирена“, „Убавицата и ѕверот“, „Кралот лав“, „Снежно кралство“, „Херкулес“ и „Покахонтас“.
Фото: К. Попов