ГРЧКИОТ РОК ФОЛК БЕНД „ВИЛИЏЕРС ОФ ЈАНИНА СИТИ“ ВЕЧЕРВА ЗА ПРВПАТ ВО МАКЕДОНИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Грчкиот бенд „Вилиџерс од Јанина сити“ (Villagers of Ioannina City) вечерва (21 часот) за првпат ќе настапи во Македонија, почнувајќи ја својата есенска европска турнеја токму од Младински културен центар во Скопје.

Формиран во 2007 година, бендот, како што му кажува и името, доаѓа од Јанина и неговиот уникатен музички стил може да се опише како мешавина на стонер рок, пост рок и фолк, со акцент на народната музика од грчкиот регион Епир. Тоа се нагласува со користењето на гајда, кавал и кларинет во песните, што бендот го прави и голема концертна атракција.

Картите се по цена од 600 денари.