Битолската група „Фонтана“, позната по изведби кои се спој на традиционалната македонска музика со елементи на светска музика и џез, ќе настапи со турската пејачка Гамзе Метраџи на 17. Фестивал на музика од светот, што на 27 ноември ќе се одржи во Битола. Концертот е од 20 часот во Центарот за култура во Битола.
Метраџи е турска пејачка со македонски корени, која со голема љубов ја негува и пее и македонската традиционална музика. Таа го освојува Балканот со своите енергија и автентична интерпретација на народните песни, вклучувајќи ги и хитовите на македонски јазик.
Од Центарот за култура, кој е организатор на фестивалот, велат дека ова ќе биде музичко патување кое ќе ги спои балканскиот темперамент и македонската музичка традиција.
Ж. ЗДРАВКОВСКА