Српската поп-рок група „Галија“ ќе одржи концерт во Охрид во Античкиот театар на 9 август од 21 часот, објави продукција „Прагма“.
„Галија“ е еден од најстарите бендови во поранешна Југославија. Следната година, тие ќе го слават својот 50-годишен јубилеј. Основани се во Ниш на почетокот од 1976. Најстари членови се Ненад Милосављевиќ- Неша кој е вокал, гитарист, свири усна хармоника и е автор на музиката на повеќето од хитовите на бендот, и неговиот брат Предраг Милосављевиќ, вокал во бендот и текстописец.
Во декември во 2023, „Галија“ одржаа два концерта во Скопје. Дел од големиот хит на „Дали спиеше“ (Дали си спавала), Ненад Милосављевиќ-Неша го испеа на македонски јазик.
„Галија“ имаа одличен настап лани во Скопје на 9 ноември, на музичкиот фестивал Скрим во салата „Борис Трајковски“. Тогаш настапија заедно со „Црвена јабука“ од Сараево и „Прљаво казалиште“ од Загреб. Билетите се продаваат преку мрежата на Купи карта.
Фото: С.Рајхл