Хрватскиот поп-рок бенд „Силенте“ првпат ќе одржи концерт во Скопје, на 7 март во Младинскиот културен центар (МКЦ) од 21 часот.
Бендот од Дубровник стана популарен во 2013 со неговиот прв сингл „Терца на тишина“ (Terca na tišinu) и албумот „Ловец на чуда“ (Lovac na čudesa). Досега има издадено пет студиски албуми и настапуваше секаде низ регионот.
Сите песни на „Силенте“ се напишани од браќата Тибор и Санин Карамехмедовиќ, а во постојаната постава се и тапанарот Ивуша Гојан, пејачката Лара Викторија Илиќ и виолинистката Ивана Чуљак. Последното издание на бендот е синглот „Господ каков што ми треба“ (Bog kakvog trebam).
Скопскиот концерт е дел од нивната регионална турнеја, а билетите се продаваат преку мрежата на ticketx.com.mk.