ХРВАТСКИОТ ПЕЈАЧ ЈАКОВ ЈОЗИНОВИЌ СО КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ НА 9 АПРИЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Хрватскиот поп-пејач Јаков Јозиновиќ ќе одржи концерт во Скопје на 9 април во салата „Јане Сандански“.

Јозиновиќ (20) стана популарен во 2018 со учеството на музичкиот натпревар за млади таленти „Ѕвездички“, а подоцна и на „Суперталент“. Најголемо внимание привлекоа неговите настапи на улица и градски плоштади, каде што пееше хитови од Ѓорѓе Балашевиќ, Оливер Драгојевиќ и Здравко Чолиќ.

„Песната без која не ми поминува ниту еден настап е ‘Оливера’. На луѓето навистина им се допадна во моја изведба, но сигурен сум дека самиот Балашевиќ е заслужен за тоа“, вели Јозиновиќ.

Скопскиот концерт е дел од турнејата „Јас за чуда летам“ (Ja za čuda letim). Неодамна ги објави сингловите „Поле со рози“ (Polje ruža) и „Јас сакам“ (Ja voliм), кој за две недели достигна речиси седум милиони прегледи на Јутјуб. Во рамките на турнејата тој ќе одржи концерти во Загреб, Белград (пет), Нови Сад, Риека, Сплит, Осиек и Љубљана.

Билетите се во продажба преку мрежата на Мк тикетс.