ХРВАТСКИОТ СОСТАВ „БАЛКАН ЗУ“ ВО БИТОЛА ОДРЖА КОНЦЕРТ СО ПЕСНИ ОД ЕСМА РЕЏЕПОВА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Хрватскиот состав „Балкан Зу“ со пејачката Нина Ќориќ одржа концерт во Битола со песни од Есма Реџепова. Публиката уживаше во концерт со фламенко и балкански ритми како дел од 17. Фестивал на музика од светот.

Не сокривајќи ја радоста што настапува во Македонија, Нина Ќориќ рече дека тие се првиот хрватски бенд на оваа сцена во Битола и дека особено ѝ значи што ги пее песните на Есма Реџепова пред битолската публика. Вечерта беше навистина незаборавна, исполнета со силни емоции и исклучителна музичка виртуозност.

„Балкан Зу“ досега има снимено два албума, кои ги издаде „Кроација рекордс“. На албумите има ромски песни, со посебен фокус на творештвото на легендарната Реџепова.

Ж. ЗДРАВКОВСКА