Српскиот актер и пејач Иван Босиљчиќ ќе одржи божиќен концерт во Велес на 4 јануари. Организатор е Општина Велес, а Босиљчиќ ќе настапи на сцената на Велешки театар. .
Босиљчиќ во март одржа два концерта во Операта со неговиот проект „Наша вечер“, со кој ќе настапи и во Велес. Програмата е комбинација од обработки на популарни песни од 1960-тите до денес, филмска музика и руски романси, а белградскиот актер рецитира и поезија на македонски и српски јазик.
Цената на картите е 1.200 денари, а средствата се наменети за хуманитарна цел.
П. ПЕЧКОВ