Поп-пејачот Јоце Панов ќе одржи концерт во Скопје на 18 март, во Филхармонијата од 20 часот. Лани на 8 март во истата сала, пејачот одржа концерт со оркестар, со кој прослави 25 години на сцената.
„Го подготвуваме секој детаљ, избор на песни, аранжмани, сцена. Јоце Панов е влезен во студио и подготвува две нови песни, ‘Жено вистинска’ и ‘Алкатраз’, чија премиера ќе биде на концертот”, велат од тимот на пејачот.
„Во секоја песна оставам дел од мојата душа. Љубовта која ја добивам од публиката е мојот извор на енергија и мотивација за секој следен проект”, кажа Панов.
Првиот солистички концерт во Македонија тој го одржа во родниот Штип во 2007. Во тоа време имаше снимено неколку песни, а до денес има објавено повеќе од 50.
Билетите по цена од 500 до 700 денари се продавааат преку мрежата на Мк тикетс.