КАНАДСКОТО ПОСТ-ПАНК ДУО „ДИЛАЈЛА“ ГОСТУВА ВО СКОПЈЕ ВО РАМКИТЕ НА ЕВРОПСКАТА ТУРНЕЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Енигматичното канадско дуо „Дилајла“ (Deliluh) в четврток ќе гостува во Скопје во рамките на својата европска турнеја, на која концертно го промовира последниот албум „Fault Lines“. Концертот ќе се одржи во „Кафе и филм Котур“ во Скопје со почеток во 21 часот, а вечерта ќе ја отвори Бен де Гонг, нов експериментален соло проект од Марсеј.

Дуото „Дилајла“ го сочинуваат Кајл Кнап и Џулиус Педерсон, кои моментално живеат и работат на релацијата Берлин-Марсеј. Објавен во 2022, Fault Linesозначува ново поглавје и нов уметнички исчекор во нивната кариера.

Секогаш спремни на ризик и на освојување нови музички територии, ‘Дилајла‘ мелодично ги премостува границите помеѓу пост-панкот, амбиенталниот дрон и експерименталната електроника. Почетоците на групата се тесно врзани за виталната направи сам сцена на Торонто, каде што почна во 2013 како четворка, со звук кој ги сублимира најдобрите традиции на пост-панкот. Во следните десет години, групата сними четири албуми и одржа стотици концерти“, стои во најавата на концертот.