СУШАТА ВО БРАЗИЛ ОТКРИ ДРЕВНИ РЕЗБИ НА ЧОВЕЧКИ ЛИЦА НА КАРПИ

Бразил, (Би-Би-Си)

Намалувањето на водостојот во Амазонија откри резби на карпи кои главно биле потопени откако биле направени пред повеќе од 1.000 години. Човечки лица врежани во карпите на крајбрежјето сега лесно можат да се забележат поради сериозната суша.

Некои се појавиле и при претходни суши, но археолозите велат дека овојпат можат да лоцираат поголема разновидност на резбите. Тие биле откриени во градот Манаус во северен Бразил, близу местото каде што реките Рио Негро и Солимес се влеваат во Амазон.

Се верува дека резбите се стари до 2.000 години (Фото: АФП)

Археологот Жаиме Оливеира вели дека резбите биле изработени од луѓето кои живееле во оваа област во претколумбовската ера и можат да бидат стари и до 2.000 години. 

Постојат докази дека овој регион бил населен пред 1.000-2.000 години. Она што го гледаме овдека се примери на антропоморфни фигури“, кажа Оливеира.

Дел од резбите последен пат биле видени во 2010.