КАНТАВТОРОТ ЈОН АЈДИ ПОТПИША ДОГОВОР СО АМЕРИКАНСКА ИЗДВАЧКА КУЌА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Кантавторот Јон Ajди потпиша договор за соработка со американската издавачка куќа „Нвак колектив“, која помага во промоцијата на млади музички таленти.

Ајди досега има настапено на неколку фестивали во Косово, Шведска и Бугарија. Во 2022 беше еден од шестемина финалисти во изборот на македонскиот претставник на Евровизија, кога победи Андреа Коевска.

Во моментов работи на нов албум, за кој вели дека е инспириран од музичари како Нора Џонс и Леонард Коен.