ЌЕ ОСТАНАМ ВО ОХРИД НА ОДМОР ПО КОНЦЕРТОТ НА 3 АВГУСТ, ВЕЛИ СЕРГЕЈ ЌЕТКОВИЌ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Сергеј Ќетковиќ ќе одржи концерт во Охрид, на 3 август во Античкиот театар заедно со Битолскиот камерен оркестар, објави продукцијата „Евентум“.

Црногорскиот кантавтор одржа два полни концерти во Скопје на 17 и на 18 јуни во Филхармонијата. На вториот, му гостуваа браќата Тавитјан со хитот на Тоше Проески, „Тајно моја“. Ова ќе биде прв концерт на Ќетковиќ во Античкиот театар.

„Охрид ми е магија, едвај чекам да дојдам. Ќе останам неколку дена повеќе за да уживам и да си ги разгалам сите сетила и со преубавата природа, но и со автентичната храна. За скопските концерти слободно можам да речам дека беа едни од десетте најдобри досега. Ѝ благодарам на мојата драга Елена Ристеска што ми беше гостинка. Се радувам што ќе се видиме на 3 август во Античкиот театар во Охрид“, рече пејачот. Влезниците за охридскиот концерт се продаваат преку мрежата на yournextevent.info

 

Фото: К. Попов