КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ ЌЕ ЈА ИЗВЕДЕ СВОЈАТА ФИЛМСКА МУЗИКА СО СИМФОНИСКИ ОРКЕСТЕР НА КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Кирил Џајковски ќе одбележи 25 години правење филмска музика на утрешниот (15 јуни) концерт во Националната опера и балет, на кој ќе се изведе музиката што ја напиша за бројни домашни и странски филмови.

Тој ќе настапи во придружба на оркестар, со кој ќе диригира Џијан Емин и музичарите Владимир Крстев, Ратко Даутовски, Антоние Весковски, Андреј Трајковски и Игор Иванов. На репертоарот ќе бидат композиции од филмовите „Големата вода“, кој доби награда за најдобра филмска музика на фестивалот во Валенсија, „Прашина“, „Сенки“, „Балканот не е мртов“, „Врба“, „Бал-кан-кан“, „Трето полувреме“ и многу други.

Џајковски (1965) е еден од најзначајните современи македонски музичари. Кариерата ја почна во култната рок група „Бастион“, соработуваше и со „Леб и сол“, а денес најмногу се занимава со електронската музика. Тој исто така често пишува музика за филм и театар.

Организаторот „Пасворд“ објави дека концертот е распродаден.

(Фото: Фејсбук)