„КОНКЕРИНГ ЛАЈОН“ СЛАВАТ 11 ГОДИНИ СО КОНЦЕРТ ВО „СТАНИЦА 26“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Најуспешниот македонски реге/даб бенд „Конкеринг лајон“ вечерва го слави својот 11. роденден со концерт во „Станица 26“ во Скопје, настан што почнува во 23 часот.

Тетовскиот колектив се појави на македонската музичка сцена во април 2007 година и, во меѓувреме, издаде четири албуми, од кои последниот беше минатогодишниот „Земја на конфузија“ и настапуваше низ цела Европа, вклучувајќи и фестивали.

Од бендот најавуваат дека моментално работат на својот петти студиски албум, од кој прв сингл веќе беше промовиран.

„Конкеринг лајон“ важи за една од најактивните и најамбициозни македонски групи, чии концерти се повеќе од обични свирки.

Како загревање за концертот ќе послужат диџеј сетовите на Гоце САФ и на Чваре.

Влезниците се по фиксна цена од 200 денари.