КОНЦЕРТ НА ЕКСПЕРИМЕНТАЛНИТЕ ДУЕТИ „НАДЈА“ И „УОЧИ ТОКИ“ ВЕЧЕРВА ВО МКЦ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Канадскиот дует „Надја“ и Италијанците „Уочи Токи“ ќе настапат вечерва во Младински културен центар во Скопје, со почеток во 21 часот.

„Надја“ е проект на мултиинструменталистот Ајдан Бејкер и басистката Леа Бакареф, чија музика се опишува како експериментален нојз/дум/дримслаџ/металгејз, во која атмосферските текстури на шугејзот се комбинираат со амбиентална позадина. По потекло од Канада, тие сега живеат во Берлин и ова ќе биде нивни втор настап во Скопје, по оној во 2012 на Синедејс.

Како увертира ќе може да се проследи VR-сет на Рико и Напо, кои го сочинуваат бендот „Уочи Токи“.