КОНЦЕРТ НА ГИТАРИСТОТ ДАМЈАН ПЕЈЧИНОСКИ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА ВО ОХРИД

Охрид, (СМАРТ СДК.МК)

Поради најавите за лоши временски услови, концертот на гитаристот Дамјан Пејчиноски вечерва (31 јули) ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид од 21 часот, место во предворјето на црквата „Света Софија“, како што беше најавено. Концертот на охридскиот гитарист е во рамките на музичкиот дел од програмата на Охридско лето.

Пејчиноски ќе настапи заедно со Дејан Милосављевиќ на ударни инструменти, Зоран Јасгоридовски на перкусии, Горан Гешовски на бас гитара и Гордан Спасовски на пијано.

Дамјан Пејчиноски свири електрична и акустична гитара во повеќе музички стилови, вклучувајќи џипси-џез, џез-фјужн, блуз, рок, кантри, традиционална македонска музика и други. Свири гитара од шест години. По завршувањето на гимназијата во родниот Охрид, каде што живее и денес, се запишал на Националната музичка академија „Проф. Пантчо Владигеров“ во Софија и на Новиот бугарски универзитет, каде што магистрирал.

Пејчиноски настапувал во Австралија, Кина, САД, Малдиви, Бугарија, Србија, Хрватска, Унгарија, Романија и Косово, а во 2010 го придружуваше Ѓоко Танески на неговиот настап на Евровизија.