КОНЦЕРТ НА КИКИ ЛЕСЕНДРИЌ ОД „ПИЛОТИ“ НА 19 СЕПТЕМВРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Утре (19 септември) од 21 часот во „Јавна соба“ во Скопје концерт ќе одржи српскиот пејач и композитор Зоран Кики Лесендриќ, основачот на групата „Пилоти“.

„Пилоти“ се основани во 1980, а првиот албум го снимија под истото име во 1981. Најголемата популарност бендот ја доживеал во средината на 1980-тите.

Лесендриќ ја започнал соло кариерата во 2008 со албумот „Месечината на врата“ (Месец на врата), по кој сними уште три албум, од кои последниот е компилациски.

Групата „Кики Лесендриќ и пилотите“ повторно е на турнеја оваа година, откако во декември 2023 „Кроација рекордс“ го издаде новиот албум насловен „Мали трагови на небото“ (Мали трагови на небу).

(Фото: Фејсбук)