Вечерва, (10 август) од 21 часот, на сцената на „Долни Сарај“ во Охрид, Националниот џез оркестар ќе одржи концерт во рамките на Охридско лето.
Гостин солист е саксофонистот и пејач Шеун Кути од Нигерија, кој се смета за музички наследник на легендарниот Фела Кути. Диригент на концертот е Џијан Емин.
„Се очекува коцерт полн со енергија, слобода и автентичен звук кој ги надминува сите граници. Афро-џез експлозија која го слави животот и културната моќ на музиката од Нигерија до Охрид“, велат од Националниот џез оркестар.
На истата сцена, џезерите лани во август одржаа концерт во Васил Хаџиманов.
Фото: К. Попов