Пијанистот Бобан Мирковски ќе одржи концерт во Скопје на 2 декември, во малата сала на Филхармонијата од 20 часот. На репертоарот се дела од Шопен, Сен-Санс и Гершвин.
„Ова е вечер посветена на пијано класиката, во изведба на реномираниот и извонреден пијанист Бобан Мирковски. Различни епохи и различни ритмови, поврзани преку раката на еден изведувач. Мирковски е познат по својот јасен, прецизен и современ пристап што ја истакнува суштината на секое дело“, велат од „Баги комуникации“, организаторите на концертот.
Билетите се продаваат преку мрежата на Мк тикетс.