Вечерва (21 ноември) од 19:30 часот, во Даут пашин амам во Скопје ќе се одржи концертот „Од барок до современи македонски композитори“, на кој ќе се свират класични барокни композиции и дела од современата македонска музика.
Ќе настапат Мимоза Ќека на пијано (фото), сопранот Марија Ташевска и алтот Мариана Бошковска. На репертоарот се музика од Купрен, Хендл, Марчело, Бах и Силоти и композиции на Димитрије Бужаровски, Горан Начевски и Томислав Зографски.