„КРОАЦИЈА РЕКОРДС“ ГО ОБЈАВИ ДЕБИ АЛБУМОТ НА БИТОЛСКАТА ГРУПА „КОД 369“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Битолската група „Код 369“ (Code 369) го објави својот деби албум „Stages of Love“ под етикетата на најголемата регионална издавачка куќа „Кроација рекордс“. Албумот содржи 12 песни, кои стилски се комбинација на алтернативниот рок и на комерцијалната рок и поп музика.

„Код 369“ е формиран во 2020 како продолжение на групата „Памперс“.

„Добиваме навистина убави реакции од публиката. Таа ја прифати нашата музика како своја. Уживаат да нè слушаат и тоа е нашата омилена награда“, изјави пејачката Ирена Димовска.

Групата потпиша ексклузивен петгодишен договор со „Кроација рекордс“, а при посетата на Загреб го сними и првиот сингл на хрватски јазик, насловен „Права љубав“.