„ЉУБОЈНА“ СНИМИ НОВА ПЕСНА ВО ДУЕТ СО БРАНИСЛАВ НИКОЛОВ ОД „ФОЛТИН“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Врати ми ја тишината“ е новиот сингл на групата „Љубојна“, која годинава слави 25 години постоење. Песната за првпат ќе се изведе во живо на славеничкиот концерт на 29 март во Филхармонијата. Гостин во синглот е Бранислав Николов, фронтменот на „Фолтин“.

„‘Врати ми ја тишината’ е инспирирана од музичката тема ‘Танго за тројца’, во соработка и дружба со ‘Фолтин‘“, велат од „Љубојна“.

Спотот е документиран на сесиите во студиото „Вејв“ и во Театар Комедија.

Музиката и аранжманот се на Оливер Јосифовски, текстот е на Сашо Димоски. Вокалната изведба е дует на Вера Милошевска-Јосифовска и Бранислав Николов.

Билетите за концертот се продаваат преку мрежата на МК тикетс.