МАЈСТОРОТ НА ФЛАМЕНКО ГИТАРАТА ВИСЕНТЕ АМИГО ВЕЧЕРВА НА ОФФ-ФЕСТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Третата вечер на 23. Офф-фест невообичаено ќе донесе само еден концерт. Таа ќе му биде посветена на шпанскиот гитарист Висенте Амиго, кој ќе настапи во Националната опера и балет од 20 часот.

Роден во 1967 година, Амиго почнал да свири гитара уште во детството, првиот албум го објавил во 1991 и денес е еден од најплодните и најиновативни современи музички творци. Тој ужива висок рејтинг во светот на фламенкото и многумина во него гледаат наследник на легендарниот Пако де Лусија.

Амиго има добиено две награди Греми и е амбасадор на фламенко гитарата, а во Скопје ќе го придружува бенд на врвни музичари.

(Фото: Фејсбук)