МАРАЈА КЕРИ ПРОМОВИРАШЕ НОВ АЛБУМ ПО СЕДУМ ГОДИНИ

САД, (Ролин стоун)

Мараја Кери го објави својот шеснаесетти албум „Тука за сè“ (Here for It All). Ова е прв албум на поп-ѕвездата по седум години. Претходниот излезе во 2018. Издавач на албумот е нејзината продукција „Мараја“.

На албумот има 12 песни, а пејачката го опиша како летен. Првиот сингл излезе во јуни и го одбележа 50-тиот влез на Кери на топ-листата на „Билборд“.

На денот на издавањето, пејачката го објави и третиот сингл.

„Од поп до хип-хоп, госпел до аренби, албумите на Кери опфаќаат повеќе жанрови и стилови. Во комбинација со нејзините неповторливи текстови, албумите на Кери ги водат слушателите на автобиографско патување, детално опишувајќи болно детство, горчлив развод и периоди на сомнеж во себе“, објави „Ролинг стоун“. Од сите албуми на Кери, списанието го оцени „Пеперутка“ (Butterfly) од 1997 како најдобар.