МАРТИНА БАРАКОСКА Е НОВАТА ТАПАНАРКА НА „ФАНК ШУИ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Еден од најпопуларните македонски бендови „Фанк шуи“ ја почна годината со голема промена во своите редови. Групата објави дека по 11 години се разделила од тапанарот Давид Николовски, на чие место дојде Мартина Баракоска, која прво го привлече вниманието како членка на „Дупер“.

„По многу долги разговори, сфативме дека нашите сништа за иднината не се исти како кога почнавме. За жал, мора да објавиме дека нашиот последен концерт во октомври беше последен за Давид како член на групата. Ова не е лесно за никого од нас. Заедно поминавме 11 години во свирење, смеење, патување, плачење, делење на добро и лошо. Му посакуваме сè најдобро. Во исто време, возбудени сме поради свежата енергија што ни ја носи Мартина“ , соопшти групата на Фејсбук.