ОСУМ АЛТЕРНАТИВНИ БЕНДОВИ ЌЕ СВИРАТ НА „АНДЕРФЕСТ“ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Фанк шуи“ (фото), „Мамут“, „Еурокрем“, „Риплејс“, „Крул“, Принцес Донатсу, „Корка“ и „Гној“ ќе настапат на осмото издание на фестивалот „Андерфест“, кое ќе се одржи на 6 ноември во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.

„Андерфест“ е посветен на промоцијата на домашната алтернативна и авторска музика, кој низ годините им даваше простор на бендови од различни музички жанрови.

„Алтернативната сцена повторно се собира на едно место. ‘Андерфест’ носи нов бран на енергија, гласна музика и автентична андерграунд атмосфера“, велат организаторите.

Билетите се достапни преку платформата tix.mk.