Култниот рок бенд „Мизар“ ќе одржи концерт во Скопје на 3 април од 20 часот во Филхармонијата, објави „Авалон“. Продукцијата го најавува концертот како интимен со репертоар со најголемите хитови.
„На концертот ќе се придружат специјални гости и музичари кои во изминатите 45 години имале свој удел и оставиле значаен белег во приказната на ‘Мизар‘“, велат од „Авалон“.
Бендот деновиве е актуелен со новата песна „Вардар е Стикс“.
Влезниците ќе бидат во продажба од 5 март на avalonbooking.mk и karti.com.mk по цена од 1.200 и 1.500 денари.