Музичари од три континенти ќе бидат дел од јубилејното, 20. издание на Офф-фест, што ќе се одржува од 9 до 13 ноември.

Фестивалот ќе има невообичаено отворање, со проекцијата на документарниот филм „Уметноста на Амалија“ во кино Фросина, посветен на легендарната фадо пејачка Амалија Родригес. Истата вечер ќе настапи португалско-шпанското дуо Лина и Раул Рефре.

На 11 ноември се концертите на „Широм“ (Словенија) и на Кико Динучи (Бразил), а на последниот ден на 13 ноември настапуваат Пијан Славеј, фронтменот на „Фолтин“ и Камерунката Блик Баси.

Сите концерти ќе се одржуваат во Националната опера и балет.