МУЗИКА ОД МАКЕДОНСКИОТ ПРОДУЦЕНТ ГАЛОСКИ СЕ СЛУШАШЕ НА ФЕСТИВАЛОТ „ТУМОРОУЛЕНД“ ВО БЕЛГИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Музика од македонскиот диџеј и продуцент Галоски се пушташе на фестивалот „Тумороуленд“, кој секое лето се одржува во Белгија. Ова е еден од најголемите фестивали на електронска музика во светот, познат по уникатна сценографија, на кој доаѓаат десетици илјади луѓе од целиот свет.

Песната од Галоски, „Движење“ (Move), се најде во репертоарот на шведското хаус трио „Свидиш хаус мафија“.

Галоски е активен на меѓународната сцена повеќе од десет години со настапи во Јапонија, Шпанија, Австрија, Швајцарија, Сингапур, Србија, Кина, Чешка, Тајланд, Хрватска, Норвешка, Холандија, Германија и други земји. Во изминатиов период тој настапи во Токио и Бангкок како дел од турнеја со која беше најавено неговото ново издание, поддржано од Дејвид Гета.