„МУЗИКА ЗА ДУША“, НОВ ПРОЕКТ НА ГРУПАТА „ДРИМ ТИМ“ И ПРИЈАТЕЛИТЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Групата „Дрим тим“ од Скопје ги преработи најголемите хитови на неколкумина македонски пејачи и ги сними како проектот „Дрим тим и пријателите – Музика за душа“, кој беше промовиран вчера (22 октомври) во Скопје.

Групата сними неколку видеа со песни од Дани Димитровска, Ѓоко Танески, Александар и Дац, Полина Тасева. Наум Петрески, Зуица Лазова, Ленче и Горан Кукиќ, Миле Кузмановски и други.

Ѓоко Танески е дел од гостите на „Дрим тим“ (Фото: СМАРТ СДК.МК)

„Оваа промоција требаше да се одржи многу порано, но како што знаете, животот понекогаш ни носи и тешки моменти, а трагедијата во Кочани не нè остави рамнодушни. За музичарите најубавата награда е аплаузот, затоа ве молам за еден силен аплауз за сите наши починати колеги и сите жртви на оваа трагедија. Вечерва сме тука со новиот проект кој ни значи многу повеќе од само музика. Овој проект е нешто што го носиме во срцето, тој означува заокружување на еден долг пат, 25 години ‘Дрим тим’, 25 години музика, многу сцени, пријатели и љубов, патување полно со предизвици, радости и незаборавни моменти“, рече Дејан Николоски-Чуле, пејачот на групата, кој им се заблагодари на сите колеги на соработката.

М. ЏАРОВСКА