Над 100.000 луѓе присуствуваа на повратничкиот концерт на корејската поп сензација „Би-Ти-Ес“, што се одржа во историскиот центар на Сеул. Тоа беше првиот концерт на корејската седморка од октомври 2022, откако во меѓувреме членовите мораа да го одработат задолжителниот воен рок.
Тие настапија на плоштадот Гвангвамун, одржувајќи едночасовен концерт, на кој изведоа и песни од новиот албум „Arirang“, што беше објавен вчера.

Според организаторите, на концертот имало околу 104.000 фанови, а вкупно 260.000 луѓе се собрале во тоа подрачје.
„Би-Ти-Ес“ ќе тргне на светска турнеја следниот месец, при што се очекува заработка од една милијарда долари од најавените 82 концерти. Очекувањата се огромни зашто бендот не пеел надвор од САД и Јужна Кореја од 2019.
(Фото: АП)