Вечерва (26 септември) од 20 часот, во Културно-информативниот центар во Скопје (Салон 19:19) ќе се одржи концерт на импровизирана амбиентална музика на „Амплидајн ефект“.
„Амплидајн ефект“ е проект на продуцентот Мартин Георгиевски од Скопје, активен од 2009. Во изминатите години има издадено бројни албуми и настапувано на реномирани регионални и меѓународни фестивали.
Вечерашниот настап ќе биде соло импровизациски сет со пијано, клавијатури, гитара и лупови.
Фото: Т. Ранташа