НАЦИОНАЛНИОТ ЏЕЗ ОРКЕСТАР СО НАСТАПИ ВО БУДИМПЕШТА, ПРАГА И ВИЕНА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Националниот џез оркестар денеска (11 ноември) заминува на кратка европска турнеја насловена „Македонски сновиденија“ (Macedonian Dreams), која ќе трае од 12 до 17 ноември.

Првиот концерт е на 12 ноември во Будимпешта, турнејата ќе продолжи на 14 ноември во Прага и ќе заврши на 17 ноември во Виена, во „Порги и Бес“, еден од најпрестижните џез клубови во Европа, домаќин на врвни џез музичари. Ќе диригира Владимир Николов.

„’Македонски сновиденија’ е уникатна фузија на македонски фолклорни мотиви и современ џез, вистинска музичка приказна која Националниот џез оркестар со гордост ја носи на европските сцени, претставувајќи ја македонската културна и музичка традиција во современ контекст“, велат од Националниот џез оркестар.

(Фото: М. Аргакијева)