Групата „Нокаут“ ја освои првата награда од 5.000 евра на 35. издание на Макфест за композицијата „Сакам да живеам“.

Во конкуренција на 24 учесници кои сите пееја на плејбек, втората награда од 3.000 евра му припадна на Ѓоко Таневски, а третата од 2.000 евра на Омер Џаферовски. Парични награди од по 500 евра добија и Виктор Апостоловски за најдобар сценски настап и Полина за најдобар дебитант.

Првата фестивалска вечер беше ретроспектива на најдобрите композиции од претходните 34 изданија, а ова беше првпат Макфест да се одржи на отворено на штипскиот плоштад придружено од строгиte протоколи за заштита од коронавирусот.

Т. ЈОВАНОВСКИ