ЧЕТИРИ БЕСПЛАТНИ КОНЦЕРТИ НА ОХРИДСКИОТ ФЕСТИВАЛ НА ВОДА

Охрид, (СМАРТ СДК.МК)

Четрири бесплати концерти ќе се одржат во Охридскиот фестивал на вода, од 26 до 29 август на Кеј Македонија, пред хотел „Палас“.

Музичката програма почнува на 26 август во 21 часот со концерт на Ѓоко Танески. На 27 август од 19:30 часот ќе се одржи детски ден со „Златно славејче“.

На 28 август од 21 часот ќе настапи групата „Везилка“, а програмата ќе заврши на 29 август со концерт на „Нокаут“ (фото), кој почнува во 21 часот.

Организаторите најавуваат четири вечери исполнети со музика и забава.

Во рамките на фестивалот, досега се одржаа повеќе активности, меѓу кои рекреативно нуркање за деца, изложбата „Лов на пастрмка на Охридско Езеро“ и јога на даски за веслање. Дел од програмата беа и кајакарење, едрење, ватерполо и трката со педалинки.