АЕРОДРОМ ВО ИРСКА ОКРУЖЕН СО ПЛАНИНИ И МОРЕ ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈЖИВОПИСЕН НА СВЕТОТ

Лондон, (Си-Ен-Ен)

„Донегал“ во Ирска трета година по ред е прогласен за најживописен аеродром на светот, во анкетата што ја спроведува букинг платформата „PrivateSky“, при што предвид биле земени 129 аеродроми од цел свет.

Пистата во Карикфин во северозападна Ирска се најде на првото место благодарение на своето драматично окружување.

На второто место се најде пистата во националниот парк Руаха во Танзанија

Слетувањето на ‘Донегал‘ нуди спектакуларна глетка: планини од една, прекрасно карпесто крајбрежје од другата страна, придружено од острови и златни песочни плажи што се протегаат во непосредна близина на пистата“, се вели во описот на победничкиот аеродром.

Слетување на аеродромот на Скијатос (Фото: Твитер)

Пистата долга 1.500 метри е погодна за слетување на мали авиони и регионални авиокомпании.

На второто место се најде пистата „Мсембе“ во националниот парк Руаха во Танзанија, а третото место му припадна на аеродромот „Александрос Пападијамантис“ на грчкиот остров Скијатос.